ТРАМП ПРЕТСТАВИ НОВ ПАСОШ, АМА СО НЕГОВ ЛИК Како реагираат Американците?

Заедно со објавата, американскиот претседател прикачи и примерок од страницата од својот пасош, на која се гледа неговата слика како стои над претседателската маса, додека во позадина е текстот од оригиналната Декларација за независност, а неговиот потпис на дното.

340

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов изглед на комеморативен американски пасош со негов лик. Станува збор за пасош во ограничено издание кој ја одбележува овогодишната 250-годишнина од основањето на Соединетите Американски Држави.

Новиот американски пасош, на кој пишува: „Добредојдовте, но бидете добри“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.






Заедно со објавата, тој прикачи и примерок од страницата од својот пасош, на која се гледа неговата слика како стои над претседателската маса, додека во позадина е текстот од оригиналната Декларација за независност, а неговиот потпис на дното.

На спротивната страница е слика од уметничкото дело „Декларација за независност“ од Џон Трамбул.

Пораката на Трамп „Добредојдовте, но бидете добри“ предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Многу корисници истакнуваат дека американскиот претседател не ја разбира целта на документот, дека пораката е напишана како предупредување до странците и имигрантите што влегуваат во земјата, додека пасошот се издава исклучиво на американски граѓани кои патуваат надвор од САД и имаат целосно право да влезат во сопствената татковина.

Поврзани содржини