📷 ЕДЕН Е ТРАМП, А СВЕТОТ Е ТЕЖОК! Американскиот претседаател со нова вирална објава
Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции – од поддршка и восхит до критики и потсмев.
Трамп повторно го привлече вниманието на светската јавност со нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција и објавена на неговата социјална мрежа Трут соушл. На сликата, американскиот претседател е прикажан како титан, кој ја носи планетата Земја на грбот, додека е огрнат со американското знаме.
Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции – од поддршка и восхит до критики и потсмев.
Ова не е првпат Трамп да објавува ВИ-содржини што предизвикуваат внимание. Претходно сподели видео во кое јава камила низ пустина, како и ВИ-снимка на американската војска во судир со иранските сили во Ормутскиот Теснец.
Една од неговите најконтроверзни објави беше таа на која беше прикажан како Исус Христос, која подоцна беше избришана по бурните реакции во јавноста. Трамп тогаш изјави дека ја објавил сликата мислејќи дека го претставува како „доктор“.
Новата ВИ-фотографија повторно отвори дебата за користењето на вештачката интелигенција во политичката комуникација и начинот на кој ваквите објави влијаат врз јавноста.
