СУПЕРХРАНА, РАЈСКИ ПЛОДОВИ, СОЧНИ И СЛАТКИ Смоквите го намалуваат притисокот, а лисјата – шеќерот во крвта
Смоквите се едни од оние вкусни раскошни плодови на летото кои се полни со витамини. Со оглед на тоа што нивната сезона кратко трае, кога ќе ги видите, купете ги и вклучувајте ги што почесто во вашето мени.
Смоквите се нарекуваат и суперхрана и рајски плод и ризница на здравје, а најпознати се по тоа што го штитат видот од последиците од макуларна дегенерација, помагаат при еректилна дисфункција, спречуваат рак на дебело црево, ја регулираат столицата, ги јакнат коските и го спречуваат губењето на калциум, добри се за дијабетес, ги снижуваат и холестеролот и високиот крвен притисок и штитат од срцеви заболувања.
Според пронајдените фосилни остатоци, заклучено e дека се одгледувале долго пред пченицата и јачменот и со тоа претставуваат прв пример за организирано земјоделско производство.
Смоквата е најдобра кога е свежо собрана од дрвото и сѐ уште влажна од утринската роса, но не може секој да си го дозволи ова задоволство.
Ама сега е периодот кога можете да си ги „наберете“ и од пазарските тезги, па правете го тоа што почесто додека сѐ уште ги има.
Повеќе за здравствените придобивки на смоквите, но и на лисјата од смокви, прочитајте на „Арт кујна“.