📷 СУПЕРЈАХТАТА НА МОРДАШОВ ГО ПРЕСЕЧЕ ОРМУЗ И ПОКРАЈ ТЕНЗИИТЕ Бродот на најбогатиот Русин заобиколува санкции
Јахтата „Nord“ на санкционираниот милијардер Алексеј Мордашов поминала низ Ормускиот Теснец во услови на засилени тензии и ограничувања за пловидба Мордашов се смета за најбогат човек во Русија според „Форбс“ со богатство проценето на 37 милијарди долари.
Суперјахта во сопственост на рускиот милијардер Алексеј Мордашов поминала низ Ормускиот Теснец и покрај важечките ограничувања. Станува збор за еден од најчувствителните поморски коридори во светот.
Преминувањето се случило во период на зголемени геополитички тензии и блокади во регионот, пренесуваат меѓународни медиуми.
Според податоците од платформите за следење бродови, јахтата „Nord“ долга 142 метри испловила од Дубаи. Пловидбата продолжила низ Ормускиот Теснец кон Оман.

Во истиот период, низ Ормускиот Теснец поминале и други пловни објекти. Меѓу нив имало танкери под санкции, товарни бродови и патнички ферибот.
Алексеј Мордашов се смета за најбогат човек во Русија според „Форбс“. Неговото богатство се проценува на околу 37 милијарди долари.
Тој е под санкции од САД, Обединетото Кралство и Европската Унија. Јахтата е регистрирана во Русија по воведувањето на санкциите.