ЈА НАРЕЧЕ МЕЛАНИЈА „ВДОВИЦА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ“ Шегата на Џими Кимел не му се допадна, Трамп бара тој веднаш да биде отпуштен

Американскиот претседател реагираше по контроверзните шеги на Џими Кимел поврзани со нападот на вечерата на дописниците во Вашингтон.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од телевизијата ABC и нејзиниот сопственик „The Walt Disney Company“ да го отпуштат водителот Џими Кимел, поради, како што наведе, „несоодветни коментари“ во неговата емисија „Jimmy Kimmel Live!“.

Контроверзите се разгореа откако Кимел во своето шоу се пошегува на сметка на вечерата на дописниците на Белата куќа, одржана во хотел во Вашингтон, каде што во саботата се случи вооружен инцидент. Во емисијата, тој ги исмеваше Трамп и првата дама Меланија Трамп, нарекувајќи ја, меѓу другото, „вдовица во исчекување“.

Трамп остро реагираше, наведувајќи дека Кимел „воопшто не е смешен“, и побара санкции против него.

Осуда за изјавите на водителот стигна и од првата дама, како и од дел од најгласните поддржувачи на претседателот, кои оценија дека ваквите шеги ја преминуваат границата на прифатливото.

Инцидентот што ја потресе јавноста се случи за време на годишната вечера на „White House Correspondents’ Association“, која се одржала во хотелот Хилтон во Вашингтон. Според информациите, 31-годишниот Кол Томас Ален отворил оган, по што сите присутни биле евакуирани.

Осомничениот, според првичните податоци, нема претходно кривично досие и не бил познат на полицијата.

Поврзани содржини