ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАДМИНА 110 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ Неизвесноста од случувањата во Ормискиот теснец ги крева цените на енергенсите

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од најновиот предлог на Иран, а нуклеарната програма на Техеран останува централна точка на спорот во преговорите.

1

Не запира растот на цената на нафтата бидејќи  пазарот е во неизвесност поради застојот во преговорите за завршување на конфликтот меѓу САД и Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец.

Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 %  на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од најновиот предлог на Иран, а нуклеарната програма на Техеран останува централна точка на спорот во преговорите.

Иран преку Пакистан соопшти дека непријателствата би можеле да престанат, ако САД ја укинат поморска блокада, се согласат  на ревидирана рамка за транзит низ Ормускиот теснец и дадат гаранции дека нема да има идни воени дејствија.

Конфликтот ги зголеми цените на енергијата и го наруши снабдувањето на клучните пазари, додека Меѓународната агенција за енергија предупреди на невиден шок во снабдувањето, заедно со зголемените ризици од забавување на побарувачката.

Ормускиот теснец, останува затворен што прави притисок врз цените.

Поврзани содржини