СТРАОТЕН НАПАД OД РИБА-ЗАЈАК ВО ПАТРА, ГРЦИЈА! Жена гризната за вратот, блиску до каротидната артерија!

Во меѓувреме, објавена е интерактивна мапа со официјални податоци за сите места каде е забележан овој опасен вид риба, кој прераснува во вистинска опасност за туризмот, рибарството и останатиот рибен фонд во овој дел од Средоземното море.

0

Вистинска драма се случила на плажа во Патра, Грција, кога 64-годишна жена била нападната од опасна риба додека мирно се капела во морето.

Според нејзиното сведоштво, таа влегла во водата кога одеднаш почувствувала силен удар и болка. Подоцна ја опишала рибата како суштество со „глава како зајак“, а станува збор за инвазивната и исклучително опасна риба Lagocephalus sceleratus, позната и како сребренообразен фугу.






Нападот предизвикал сериозна повреда, при што жената била гризната во пределот на вратот, опасно блиску до каротидната артерија. Лицата кои биле со неа веднаш повикале помош, по што таа била пренесена во здравствена установа.

Лекарите веднаш ја третирале раната, ѝ дале вакцина против тетанус и антибиотска терапија, а според очевидци, нападот го потврдила и жената која била со повредената во моментот на инцидентот.

Оваа риба потекнува од Индискиот и Тихиот Океан, а во последните години сè почесто се среќава во Средоземното Море. Позната е по своите исклучително силни заби, со кои лесно може да нанесе длабоки повреди. Освен тоа, нејзиното месо содржи тетродотоксин – еден од најопасните природни отрови, поради што не смее да се консумира.

Во Грција во меѓувреме е објавена нова интерактивна мапа, која го покажува драматичното ширење на сребреногрбата риба-зајак (лагокефалос) во грчките води. Податоците од грчката мрежа за рано предупредување ELNAIS покажуваат дека овој вид во изминатите две децении континуирано се шири низ источниот Медитеран. Она што започнало како изолирани случаи забележани во 2025 година, денес прераснало во масовна инвазија. Најголеми концентрации има околу Крит, Додеканезите, Кикладите и поголемиот дел од Егејското Море.

Поврзани содржини