Стоилковски: На скопскиот аеродром нема превентива од коронавирус

142

На скопскиот аеродром нема превентива од коронавирусот, а неспособноста на министерот Венко Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што нагласи тој, потфрла контролата и се прават недопустливи превиди на граничните премини.






– Доказ дека ова е така, е директорката на Клиниката за кожни болести, пуленката на министерот Филипче, Цаца Биљановска. Таа влегла во државата пред 10 дена без да биде детектирано дека е заболена од коронавирусот. Значи, имаме најмалку еден случај без контрола за вирусот Ковид кој што ја има минато границата тука на Меѓународниот Аеродром во Скопје – истакна Стоилковски.

Како што рече тој, постојат сомнежи дека владата и Филипче кријат и други случаи на пропусти и заболени од вирусот и побара оставка од министерот.

– Властите предводени од Заев и од Филипче немаат никаква контрола и пристап кон справувањето и сопирањето на ширењето на опасниот вирус и заради тоа се потребни итни оставки, а работата да ја преземат професионалци –  рече партискиот портпарол.

Поврзани содржини