Стапката на невработеност падна на 16,6 отсто

Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

84

Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто. Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал активното население изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени.

Поврзани содржини