„СПОРТ ЛАЈФ“ ОПРЕМИ ЦЕЛ ОДДЕЛ ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА Донацијата за „Св. Наум Охридски“ вреди 4 милиони денари

Оваа година, „Спорт лајф“ обезбеди 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија, 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.

65

Комплетно е реновиран и опремен одделот за висцерална и абдоминална хирургија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари како донација од компанијата „Спорт лајф“ обложувалници.

Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, „Спорт лајф“ обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.






– Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го опремиме и со нов медицински мебел, кој ќе создаде подобри услови за постоперативните пациенти. Сметаме дека тоа беше неопходно за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, тука сме да го дадеме својот придонес за развој на општеството, и за поддршка на хуманите цели – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Спорт лајф“.

– Со оваа интервенција, капацитетот на одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 м2 е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување. Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон „Спорт лајф“ за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании – изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Спорт лајф“ обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка и реализација на проекти во областите на здравството, спортот и други  општествени и хуманитарни цели.

Фото: обложувалници „Спорт лајф“
Поврзани содржини