🎥 СПАСЕНО БЕБЕ ПОД УРНАТА ЗГРАДА И ДРУГИ СНИМКИ ОД ПОТРЕСОТ Најразорен земјотрес во Колумбија од почетокот на векот

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата.

0

Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините.

Спасено е бебе кое било заробено под урнатините. Од купиштата бетон од една урната зграда се јавил маж кој рекол дека е заробен заедно со бебето. Неколку луѓе веднаш почнале рачно да ги отстрануваат урнатините, по што успеале да го пронајдат детето и живо да го извлечат. Бебето потоа било предадено на екипите на итната медицинска помош.






Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот.

Станбени згради, куќи, училишта и здравствени центри се оштетени, делумно или целосно урнати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anadolu BHSC (@agencijaanadolija)

Според податоците од локалните власти, 101 лице загинало во Переира, а 95 во Кали, третиот по големина град во Колумбија.

Спасувачите се на терен, продолжуваат со расчистување на урнатините во потрага по преживеани, со механизација, а наместа и со голи раце.

Владата на колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела најави дека ќе прогласи „вонредна економска состојба“ во земјата, со цел да им помогне на жртвите од земјотресот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TRT Balkan BHSC (@trtbalkanbhsc)

Одлуката за воведување вонредна економска состојба што ја соопшти министерот за финансии Мигел Гомез, ќе ѝ овозможи на извршната власт да донесува декрети со сила на закон и да усвојува вонредни мерки за справување со последиците од трагедијата, чиј вистински економски ефект допрва ќе почне да се согледува, пренесува колумбискиот весник „Тиемпо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mundo Noticias (@notimundo3.0)

Владата соопшти дека засега не планира воведување нови даноци и оти првично ќе бара средства преку кредити, прераспределба и намалување на буџетските расходи во рамки на буџетот за 2026 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Daily ID (@thedaily.id_)

Поврзани содржини