СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ПРОТИВ БУГАРИЈА Бектеши и Сијарто бараат начин како да ја симнат таксата за рускиот гас
Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се преземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која сметаат дека е нелегална и е непријателски чин.
Земјава и Унгарија ќе се координираат во однос на преземањето активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас, по воведувањто на такса на рускиот гас од 10 евра од страна на Бугарија.
Ова е договорено на денешната средба на министерот за економија Крешик Бектеши со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се преземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која сметаат дека е нелегална и е непријателски чин.
– Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Северна Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем – изјави Бектеши.
Двајцата министри се согласни дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.
На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.