СО УКРАИНЦИТЕ ЗБОРУВАВМЕ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОТСТАПКИ Рубио се надева дека Русија ќе прифати прекин на огнот

Ако Русија каже не, ќе ни стане многу појасно. Нема воено решение за овој конфликт. На Украина ѝ се потребни доволно средства за одвраќање од идни напади, им рече американскиот државен секретар на новинарите на аеродромот Шенон на почетокот на посетата на Ирска.

493

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД вчера разговарале со украинска делегација во Џеда за територијални отстапки на Киев и дека се надеваат на позитивен одговор од Русија за прекин на огнот.

– Ако Русија каже не, ќе ни стане многу појасно. Нема воено решение за овој конфликт. На Украина ѝ се потребни доволно средства за одвраќање од идни напади – им рече Рубио на новинарите на аеродромот Шенон на почетокот на посетата на Република Ирска.






Тој додаде дека предложениот договор за минерали меѓу Украина и САД нема да го карактеризира како безбедносна гаранција.

Поврзани содржини