СИРЕКТОРОТ НА АХВА ОЛИВЕР МИЛАНОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА На негово место е назначен Јовица Андоновски

Засега ниту Миланов, ниту пак од Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат која е причината за оставката, но се претпоставува дека состојбата со болеста сипаници кај овците и козите и необезбедените вакцини е главната причина за оставката.

0

Директорот Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вчера поднел оставка, а на негово место е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство од редовите на Социјалистичката партија.

Информацијата денеска ја потврди и  Социјалистичката партија на Фејсбук.






„Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување на одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво“, напишаа од партијата.

Засега ниту Миланов, ниту пак од Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат која е причината за оставката, но се претпоставува дека состојбата со болеста сипаници кај овците и козите и необезбедените вакцини е главната прилина за оставката.

Миланов  вчера на Фејсбук објави дека пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите на аеродромот во Скопје од Турција.

Поврзани содржини