Пејачката Северина Којиќ (47) се пофали на социјалните мрежи дека носи заштитна маска и дека е исто така една од оние што се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот. Таа објавила селфи во фризерскиот салон, а и таа и фризерот се заштитени на фотографијата.
– Грижете се за децата и постарите лица. Децата можат да ги заразат постарите лица. Ова не им се случува само со другите – порачала пејачката.
Сепак, некои луѓе ја „подбрале“ затоа што, според нив, Северина не знае за податокот дека на здравите луѓе маска не им е потребна и дека мора да ја носат оние што имаат симптоми, а таквите треба и да избегнуваат непотребно излегување од дома.
– Сите треба да се чуваат, да! Болните нека не излегуваат и не ги загрозуваат другите, а на здравите лица маските не им требаат ниту ги штитат – ѝ пишувале нејзините следбеници во коментарите под фотографијата.
Други, пак, ѝ рекле дека им е мило што е освестена и шт се грижи.
И додека повеќето пејачи самостојно ги одложуваат или откажуваат концертите сами или тоа го прават организаторите, Северина неодамна настапуваше во ноќен клуб во Цирих. Таа рече дека ѝ било совршено, а луѓето ѝ рекле дека се исплашиле за нејзиното здравје со оглед на тоа дека таа престојувала во простор со неколку стотици луѓе. На летот за Швајцарија ја придружувал само нејзиниот сопруг Игор Којиќ (32), а летала со економска класа.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин/24sata.hr