СЕВЕРИНА ПОКАЖА ШТО ПРАВИ ВЕДНАШ ШТОМ ЌЕ СЕ СИМНЕ ОД СЦЕНАТА „Не можете да ми префрлите дека не јадам“
По своите енергични настапи на концертите, хрватската и регионална музичка ѕвезда покажа дека сака да ужива во едноставен оброк - богато наполнет сендвич
Откако уште еднаш ја воодушеви публиката со својот концерт во Примоштен, Северина им откри на следбениците како изгледа моментот кога ќе се изгаснат рефлекторите и ќе се симне од сцената.
View this post on Instagram
Наместо гламурозна вечера, Северина избира едноставен, но неодолив оброк – богато наполнет и, очигледно, вкусен сендвич.
На фотографиите што ги објави на Инстаграм, таа седи покрај маса облечена во бел пењоар, изморена и насмеана и со задоволство го јаде богатиот сендвич што го држи во рацете.
Покрај објавата, Северина напишала:
– Не можете да ми префрлите дека не јадам.