ОД МАНАСТИР ВО ХРВАТСКА, ДО ПОЛУГОЛО ИЗДАНИЕ ВО СЕН ТРОПЕ Како го поминува летото ѕвездата на „Бејвоч“
Брукс Надер откри дека благословот на бројаницата во манастирот Висовац, во Хрватска, бил едно од најневеројатните искуства во нејзиниот живот
Американската манекенка и актерка Брукс Надер на почетокот од месецов уживаше во Хрватска и Италија, а сега е фотографирана во друштво на пријатели во Сен Тропе, омилената дестинација на светските ѕвезди на југот од Франција.
Надер никако не можеше да остане незабележана во стајлингот што го избра за француската ривиера. Мини-фустанот со леопардски дезен има исклучително длабоко деколте, а неговата ултракратка должина ѝ создаде и неколку незгодни моменти, кои будните папараци веднаш ги забележаа.
Брукс неодамна, за време на паузата од снимањето на новата верзија на хит-серијата „Baywatch“, престојувала во Дубровник и објавила фотографии од старото градско јадро.
Со своите пријателки го посетила и манастирот Висовац, каде што свештеникот ѝ ја благословил нејзината бројаница.
– Еден свештеник ни ја благослови бројаницата. Тоа беше едно од најневеројатните искуства во нашите животи – напиша Брукс покрај фотографиите од посетата.

Таа објави и фотографии од луксузната јахта со која пристигнала на хрватскиот брег. Им покажа на следбениците дел од внатрешноста на пловилото, но и идилични сцени од утринските будења покрај морето, не криејќи колку ужива во патувањето.

Брукс Надер е родена во Луизијана, а светска слава стекна со победата на натпреварот Sports Illustrated Swimsuit Search. Потоа стана едно од заштитните лица на престижниот магазин и изгради успешна кариера во модната и телевизиската индустрија.
View this post on Instagram