СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПСКО Брат и сестра се претепале и се пријавиле во полиција
По расправија во семеен дом во скопско, брат и сестра завршија со меѓусебни пријави за физички напад во полиција.
Семејна расправија во скопско заврши со физичка пресметка меѓу брат и сестра, кои подоцна и двајцата случајот го пријавиле во полиција.
Според информациите, 21-годишна скопјанка околу 11:30 часот во семејниот дом прво влегла во вербална расправија со нејзиниот 23-годишен брат, по што ситуацијата ескалирала и прераснала во физички напад. Во текот на инцидентот, таа возвратила на ударите.
Неколку часа подоцна, во 21:30 часот, и братот пријавил во полиција дека претходно бил физички нападнат од неговата сестра, по што, како што навел, и тој возвратил на нападот.
Од полицијата информираат дека со 23-годишникот е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.