СЕКОЈ ДЕН НОВ МИЛИОНЕР Видеолотарија Касинос Австрија исплати 57,1 милиони денари во мај

0

Видеолотарија Касинос Австрија во периодот од 1 до 31 мај 2026 година, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија им исплати вкупно 57.146.863 денари преку ВЛТ џекпот добивки.

Во текот на мај беа реализирани: 4 Супер милионер џекпот добивки, со вкупно исплатени 28.382.276 денари, 15 Милионер џекпот добивки, со вкупно исплатени 21.983.616 денари и 1.511 Мини џекпот добивки, преку кои играчите заедно освоија 6.780.971 денари.






Во пресрет на најголемиот светски фудбалски спектакл, Светското првенство во фудбал, Видеолотарија Касинос Австрија подготви уште повеќе возбуда, адреналин и шанси за големи добивки за сите љубители на ВЛТ забавата.

– Фудбалот отсекогаш бил симбол на соништа, неизвесност и големи победи. Токму затоа, Видеолотарија ја спојува магијата на најзначајниот фудбалски настан со препознатливата ВЛТ возбуда и можноста за освојување атрактивни џекпот добивки – велат од компанијата.

За време на шампионатот, Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди зголемен вкупен фонд за ВЛТ џекпот добивки во текот на сите фудбалски денoви. Кампањата „Секој ден нов милионер“ ќе донесе дополнителна возбуда за играчите, со нови шанси за големи добивки секој ден.

Поврзани содржини