СЕКОЈ ДЕН ДОКАЖУВААТ ДЕКА НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Рубин Земон од СДСМ го негира Гоце Делчев, СДСМ си молчи

Како може Венко Филипче да зборува за национални интереси, кога членот на ИО на СДСМ, Рубин Земон, би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

170

Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДСМ, а денес член на Извршниот одбор на СДСМ, највисокиот орган во партијата – уште еден од „новите“ лица и новата енергија на Венко Филипче, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДСМ кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата. СДСМ и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат. Член на Извршен одбор на СДСМ, Рубин Земон, лично поставен од Филипче, јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Пред целата македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ и воопшто не се срамат од тоа, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Член на Извршен одбор на СДСМ отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведе на небитна тема. Од СДСМ нема реакција. И не може да има реакција, кога лидерот на СДСМ изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија“, се вели во соопштението.

Ова, се додава, за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ.

„Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии. Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини