СЕ ЖАЛЕЛЕ НА ТРЕВНИКОТ ВО СКОПЈЕ, НИВНИОТ НЕ Е НИТУ СПРЕМЕН ЗА ИГРА Македонија во Луцерн мораше да тренира на помошен терен
Македонските фудбалери пристигнаа во Швајцарија за утрешниот меч од Лигата на нациите, но првиот тренинг го одработија на помошен терен. Тревникот на „Термоплан арената“ е во толку лоша состојба што организаторите решиле да го сочуваат за натпреварот.
Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Луцерн за утрешниот дуел со Швајцарија, а таму ја пречека непријатно изненадување за домаќинот – тревникот на „Термоплан арената“ е во толку лоша состојба што нашите фудбалери не можеа ни да го одработат официјалниот тренинг на него.
Наместо на „Термоплан Арена“, избраниците на македонскиот селектор тренираа на помошниот терен од спортскиот комплекс. Причината е состојбата на главниот тревник, кој мора да биде сочуван за утрешниот натпревар.
Иронијата е што токму Швајцарците имаа многу забелешки за теренот во Скопје. Нивниот селектор Мурат Јакин половина од прес-конференцијата на арената „Тодор Проески“ ја посвети на лошата состојба на тревникот.
Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Луцерн, но не доби можност да го почувствува тревникот на кој утре од 20:45 часот ќе игра против Швајцарија во четвртото коло од Б-дивизијата во Лигата на нациите.
Македонија во Швајцарија пристигна по три порази во првите три кола. Серијата почна токму против Швајцарците со 0:3 во Скопје, продолжи со 0:2 на гостувањето кај Словенија, а пред два дена Шкотска славеше со 2:0 на арената „Тодор Проески“.
Утрешниот дуел е нова можност Македонија да стигне до првите бодови во овој циклус.