🎥 СЕ СУДРИЈА ТОВАРЕН И ПАТНИЧКИ ВОЗ ВО ХРВАТСКА Машиновозач е тешко повреден
Според неофицијални информации на Јутарњи лист, товарниот воз поминал на црвено светло.
Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.
Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден.
Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци.
Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. Линијата е затворена за сообраќај.
„Денес, 8 август, околу 10:08 часот, беше примена пријава за судир помеѓу патнички и товарен воз на линијата Загреб-Бјеловар во близина на Шкрињари. Во судирот беа повредени неколку лица и им е укажана медицинска помош. Истрагата е во тек. Поради несреќата, линијата на споменатиот дел е затворена за сообраќај“, соопшти хрватската полиција.
Според неофицијални информации на Јутарњи лист, товарниот воз поминал на црвено светло.
Хрватска железница соопшто дека во возот имало околу 20 патници.
„Денеска во 10:05 часот наутро, на пругата помеѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец, се случи судир помеѓу товарен воз ХЖ Карго и патнички воз ХЖ Патнички превоз. Според моментално достапните информации, има повредени лица, но нема жртви. Во патничкиот воз имало околу 20 патници. Полицијата, брзата помош и другите надлежни служби се на местото на настанот и ги спроведуваат потребните активности. Поради несреќата, пругата на наведената делница е затворена за сообраќај“, објави Хрватска железница.