СЕ СТИМУЛИРА ШТЕДЕЊЕТО ВО ДЕНАРИ Народна банка ја зголеми осовната каматна стапка на 3 отсто

Како што соопшти банката, при носењето на одлуката беа земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено.

101

Народната банка  ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто на 3 отсто.Банката ги зголеми и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,5 отсто и тие сега изнесуваат  0,90  односо  0,95 отсто.

Како што соопшти банката, при носењето на одлуката беа земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено.






„Овие измени би придонесле за натамошно поттикнување на штедењето во домашна валута, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките во корист на понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи“, соопшти НБ.

Поврзани содржини