СДСМ СЕГА СЕ КАРА СО ДРЖАВИ, ОТКАКО СЕ СКАРА СО СОПАРТИЈЦИ, МЕДИУМИ И СО НОВИНАРИ Не си го гледаат сопствениот несреден двор кој им е полн со паразити
Нелегитимноста на СДСМ, слабиот рејтинг на Венко Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСМ и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Пи-арот на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, го насочи СДСМ и Венко Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Нелегитимноста на СДСМ, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСМ и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог – рече Петрушевски.
СДСМ и Филипче се толку фокусирани и насочени на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои 1 процент процент од гласовите, и не си го гледаат сопствениот двор кој им е несреден и полн со паразити, додаде Петрушевски.
– СДСМ и Филипче успеаја да се скараат со нивни сопартијци, медиуми, новинари, а сега се обидуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во Македонија. Овие антидржавни политики кои Заев им ги предава, а тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани од Башановиќ и Шчекиќ, не им носат добро, туку им прават да бидат опозиција која на следните избори ќе освои помалку од 100.000 гласови – рече пратеникот Петрушевски.