ПО ГОДИНА ИПОЛ ДЕБАТА ИМА КОНСЕНЗУС ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Сите забелешки на академската фела се вградени во текстот

Министерката за образование порача дека сите конструктивни забелешки се Една ипол година водиме целосно транспарентен процес. Ова не е одглумена дебата, таква не би траела толку долго. И не е по принципот од 2018 годин, кога закони носеше министерскиот кабинет. Со тој закон катастрофално се оштети високото образование, но и целото општество, вели министерката за образование.

66

Постигнат е редок консензус меѓу Владата и академската заедница за три клучни закони во образованието, кои веќе се во завршна владина процедура и наскоро се очекува да влезат во Собранието.

Министерката сза образование Весна Јаневска на прес-конференција денеска изјави дека по година ипол дебати и вклучување на универзитетите, властите тврдат дека текстовите ги одразуваат реалните потреби на системот и отвораат простор за суштински реформи.

Законите од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии.

– Треба да се проверат од правен аспект, да нема некоја грешка бидејќи ова се три огромни закони. Претпоставувам дека тоа ќе потрае извесен период затоа што треба многу внимателно да се читаат, од исклучително значење се. Потоа ќе одат на владина седница, на која законите ќе ги дискутираат членовите на Владата, кои претходно ќе ги имаат на увид, и цако тие се согласат дека законот треба да оди во Собранието, таму ќе се прати по службена должност. Со оглед на тоа дека МОН, односно Владата, и академската заедница веќе имаат консензус за квалитетот и просперитетот на овој закон, очекувам сето ова да се заврши во многу краток период – рече министерката Јаневска.

На прес-конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски и со ректорите на седумте јавни универзитети таа ги соопшти предностите на новиот закон за високо образование и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки.

– Една ипол година водиме целосно транспарентен процес. Ова не е одглумена дебата, таква не би траела толку долго. И не е по принципот од 2018 годин, кога закони носеше министерскиот кабинет. Со тој закон катастрофално се оштети високото образование, но и целото општество. Сега е поинаку – се сретнавме со сите, ги слушнавме вработените во јавните и во приватните универзитети, во научните установи и во МАНУ – изјави Јаневска.

Министерката посочи дека се прифатени многубројни конструктивни сугестии и оти критичкиот осврт на академската и научната заедница многу помогнале во подготовка на најдобрите верзии за подобрување на текстот на законот за високо образование, најкомпексниот во пакетот од три закони.

Јаневска нагласи дека во изминатиот период успеале да се справат и со лажни вести и дезинформации од, како што рече, центри на моќ и влијание, како, на пример, дека се нарушува автономијата на универзитетите, дека ќе нема вонредно студирање, дека ќе студираат деца само на богати семејства, дека државата не им плаќа на професорите за објавување научни трудови итн.

– Сите оние што работеа на законот и кои го прочитаа знаат дека ова не е вистина – рече Јаневска и порача дека не треба да постои отпор кон законот од политички причини и поради ривалство, туку е потребно единство за повисока цел – напредок на општеството.

На новинарско прашање дали се разговара и со опозицијата и дали од опозицијата се очекува поддршка во Собранието, министерката одговори дека нема впечаток оти опозицијата не го поддржува законот.

– Немам впечаток дека опозицијата не го поддржува законот. Секако дека ние веќе воспоставуваме контакти со опозицијата и тие разговори ќе продолжат јавно, како што досега правевме на универзитетите, така и во парламентот. Ќе видиме на крајот како ќе излезе сето тоа, но од овој собир овде може да се види дека има поддршка за законот. Тука не се присутни луѓе од политиката, туку од академката заедница, на кои им е важен просперитетот на оваа земја – рече Јаневска.

За придобивките од новото законско решение се осврнаа и ректорите на шесте државни универзитети (УКИМ – Скопје, УКЛО – Битола, УГД – Штип, ДУ – Тетово, УАП – Охрид и УМТ – Скопје) и од јавноприватниот УЈИЕ – Тетово.

Поврзани содржини