СДСМ КОЈ ЈА НАПРАВИ ДРЖАВАТА ВО ПРИВАТНА КАСА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, СЕГА ДРЖИ ЛЕКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА Движењето ЗНАМ тврди дека СДСМ прави лажна конструкција за наводен „корупциски скандал“ во општина Куманово
Од Движењето ЗНАМ велат дека СДСМ свесно ја манипулира јавноста и намерно премолчува факти кои целосно ја разобличуваат нивната лажна конструкција за наводен „корупциски скандал“.
СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихаќка. Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување.
Ова е дел од реакцијата на Движењето ЗНАМ на денешното соопштение на СДСМ во кое партијата обвинува дека кумот на кумановскиот градоначалник купил од Димитриески, а потоа го продал на компанијата Лидл, а во меѓувреме општината го променила и Деталниот урбанистички план.
Од Движењето ЗНАМ велат дека СДСМ свесно ја манипулира јавноста и намерно премолчува факти кои целосно ја разобличуваат нивната лажна конструкција за наводен „корупциски скандал“.
-Истите тие што ја распродаваа Македонија парче по парче, ја понижуваа државата пред Софија, потпишуваа капитулантски договори, го нарушија македонското достоинство, го претворија судството во партиска експозитура, а тендерите во семејна каса, денес држат пресови за наводна корупција. Колку очај треба да има во СДСМ која ја претвори државата во приватна каса на двоецот Заев-Филипче, да зборува за морал – велат од ЗНАМ.
Вистината е ,велат од ЗНАМ, дека станува збор за законска, транспарентна и институционално водена постапка, во која иницијативата за измените е поднесена од компанијата ЛИДЛ, целата процедура е спроведена согласно закон, а сите документи и информации се јавно достапни во системот е-урбанизам за увид на секој заинтересиран граѓанин.
Дополнително, СДСМ намерно премолчува дека за предметниот опфат постои важечки ДУП уште од 2010 година, што уште еднаш ја руши нивната очајна политичка конструкција базирана врз лаги и манипулации.
-Но проблемот на СДСМ, не е ДУП-от. Проблемот на СДСМ е што во Куманово осум години наназад не функционира нивниот рекетарски модел на владеење. Куманово се развива, се гради и се менува. Се решаваат децениски проблеми, се модернизира инфраструктурата, се отвораат нови перспективи за граѓаните, се вложува во културата, спортот, образованието и урбаниот развој на градот. Куманово чекор по чекор се претвора во модерен, европски град со визија,достоинство и реален напредок на секое поле – велат од ЗНАМ
Дополнително, додаваат, вечна болка им е Максим Димитриевски, човекот кој имаше храброст да им се спротивстави на штетните политики и националните понижувања, човекот кој што не им беше под контрола и не успеаја да го натераат да ги предаде македонските интереси за остварување на туѓи агенди и богатење на штета на државата и народот.
-Токму затоа денес Венко Филипче, политичкиот мегафон на Софија во Скопје, се обидува со лаги и хајки да го прикрие сопствениот политички дебакл и распадот што му се случува во партијата. Филипче, човекот што молчи за фирмите во Петрич, за бизнис релациите во Бугарија и за економските интереси на структурите блиски до Заев, денес зборува за чесност. Каква дрскост- велат од ЗНАМ.
Од Движењето ги повторуваат прашањата за лидерот на СДСМ Венко Филипче за сопственоста на фирмата POWER i8 Ltd. и поврзаноста на фирмите на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев со Бугарија.