🎥ТИНЕЈЏЕР ОД ШТИП ИЗВЕДУВАЛ ЕГЗИБИЦИИ СО СКУТЕР Полицијата го откри и ќе добие казна
Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да не изведуваат опасни дејствија со кои се загрозува сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Полицијата го идентификува малолетникот кој управува скутер на едно тркало во Штип, а виде снимките беа објавени на социјалните мрежи.
„По објавата на снимката полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. Утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците Сремски Фронт и Борис Крајгер во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи“, соопшти полицијата.