САД ВНИМАТЕЛНО ГИ СЛЕДАТ ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ НА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ Амбасадорката Агелер апелира за транспарентност

Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, Агелер нагласи дека не може да ги коментира, но, најважно од сè е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин.

172

Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, рече денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер на свеченост во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, Агелер нагласи дека не може да ги коментира, но, најважно од сè е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин.






– Јас не можам да ги коментирам. Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет. Она што е најважно за секој од овие случаи е да се следи на начин што е јасен и транспарентен за сите оние кои го набљудуваат – изјави амбасадорката Агелер.

Поврзани содржини