🎥 ЛАМИН ЈАМАЛ ЈА ПРОСЛАВИ ПОБЕДАТА СО ТРИГОДИШНИОТ БРАТ Малиот Кејн му ја украде славата на шампионот

Додека Шпанија ја славеше светската титула по победата над Аргентина, вниманието на јавноста повторно го привлече тригодишниот Кејн, помладиот полубрат на фудбалската ѕвезда Ламин Јамал, кој со своите симпатични реакции стана вистински хит на Светското првенство.

413

Додека целиот свет зборува за новиот светски шампион Ламин Јамал, тригодишниот Кејн повторно успеа да стане една од најголемите атракции на прославата по финалето на Светското првенство.

Шпанија во неделата ја освои светската титула со победа од 1:0 над Аргентина по продолженија, а 19-годишниот Јамал ги одигра сите 120 минути од историскиот натпревар. Сепак, по завршувањето на мечот, дел од вниманието му го „украде“ неговиот помлад брат.






Кејн, кој веќе стана миленик на навивачите со своите спонтани реакции во текот на Светското првенство, повторно ги воодушеви присутните на стадионот „МетЛајф“. Откако се виде на големиот екран, веднаш го исплази јазикот, исполнувајќи го ветувањето што претходно му го дал на својот постар брат.

– Бев на физиотерапија кога ми се јави од телефонот на мајка ми и ми рече дека утре ќе го исплази јазикот. Затоа, кога го видов на екранот, навистина ме насмеа – изјави Јамал по освојувањето на трофејот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khaled Beydoun (@khaledbeydoun)

Облечен во дрес на шпанската репрезентација со своето име на грбот, Кејн трчаше низ теренот додека траеше прославата. Ламин го прегрна, го крена високо во воздух и му стави бејзбол капа со натпис „Lamine“.

Малиот Кејн беше фотографиран и како танцува покрај огромна реплика на трофејот од Светското првенство, а подоцна накратко го држеше и вистинскиот пехар. Во текот на славењето можеше да се види како разменува поздрав со својот брат и гордо шета со фудбалска топка во рацете. Еден полицаец од Њу Џерси дури му ја позајми и својата капа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Sarsour (@lsarsour)

Во Шпанија веќе го нарекуваат „ѕвезда на Светското првенство“, бидејќи речиси секој негов настап пред камерите предизвикува насмевки. Тој беше забележан и за време на четвртфиналната победа на Шпанија над Белгија, кога бурно славеше и со воодушевување реагираше откако се виде на големиот екран.

Шпанскиот магазин „Hola!“ неодамна напиша дека најголемата сензација на турнирот не е ниту некој фудбалер, ниту трофејот, туку токму Кејн, кој со своите симпатични и забавни моменти ги освои симпатиите на јавноста ширум светот.

Кејн е роден во септември 2022 година и е син на мајката на Ламин, Шејла Ебана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REMEZCLA (@remezcla)

Поврзани содржини