САД И ИРАН ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ДОНЕСАТ МИР ВО ЛИБАН Ќе формираат група за управување со конфликти
Страните се согласија да формираат група за управување со конфликти што ќе ги обедини страните и Република Либан и ќе биде предводена од посредниците, со цел да се обезбеди почитување на прекинот на непријателствата, се вели во заедничка изјава на пакистанските и катарските посредници.
Иран и САД се согласија да формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан, кои го слабеат сегашниот прекин на огнот на Блискиот Исток, соопштија посредниците Пакистан и Катар.
„Страните се согласија да формираат група за управување со конфликти што ќе ги обедини страните и Република Либан и ќе биде предводена од посредниците, со цел да се обезбеди почитување на прекинот на непријателствата во Либан“, се вели во заедничка изјава на пакистанските и катарските посредници.
За време на нивната прва преговарачка сесија во Швајцарија во неделата САД и Иран, исто така, се согласија за „патна карта“ што предвидува постигнување конечен договор за прекин на војната на Блискиот Исток.
„Таа има цел да се постигнување конечен договор во рок од 60 дена, со што ќе се постави основата за итно почнување нови технички разговори што ќе продолжат оваа недела во Швајцарија“, се вели во заедничко соопштение на владите на Пакистан и Катар.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи ги пофали Пакистан и Катар за нивното посредништво по разговорите во Швајцарија, наведувајќи на платформата Икс дека „постигнале значителен напредок“.
Пакистан, Катар и Иран го потврдија завршувањето на првата рунда разговори на високо ниво. Немаше непосреден коментар од Соединетите Американски Држави.
ИРАНЦИТЕ ОДБИЈА ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ СО АМЕРИКАНЦИТЕ Заврши првата рунда преговори во Швајцарија