САД ЌЕ ГО НАМАЛАТ БРОЈОТ НА ВОЈНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Трамп најавува дека одлуката ќе биде донесена наскоро
Ова следува по вербалната расправија на американскиит претседател Доналд Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со политиката кон Иран.
Администацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп размислува за намалување на бројот на американските војници стационирани во Германија.
Оваа најава следува по неговата вербална расправија со германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со политиката кон Иран.
„Соединетите Американски Држави во моментов ја разгледуваат можноста за намалување на нашето воено присуство во Германија. Одлуката ќе биде донесена многу скоро“, напиша Трамп на мрежата Трут соушл.
Во 2024 година во Германија биле распоредени повеќе од 35.000и0 американски војници, додека според германските медиуми нивниот број во моментов е приближно 50.000.
И двата претседателски мандати на Трамп се обележани со отворени критики кон НАТО, како и со најави за намалување на американското воено присуство во Германија и во други европски земји.
Изјавата доаѓа еден ден откако Трамп упати критики кон Мерц, обвинувајќи го дека „не знае што зборува“ во врска со Иран, откако германскиот канцелар претходно оцени дека Вашингтон нема јасна стратегија и оти Техеран ги понижува САД.
По размената на острите зборови, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за состојбата со Иран и за потребата од обезбедување слободна пловидба низ Ормускиот Теснец.
Во меѓувреме, Мерц се обиде да ги ублажи тензиите, нагласувајќи дека односите со Трамп остануваат добри и покрај несогласувањата околу Иран.