РОКОТ ИСТЕКУВА НА 25 АПРИЛ Поддршка од УЈП за поднесување на ДДВ-04 пријави

„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП. 

63

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови, соопштија од УЈП.

Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите, како што посочуваат од УЈП, се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30 отсто од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави.






Од УЈП апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денеска да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.

„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.

Поврзани содржини