Ренци снимен со таен агент како договара соборување на неговиот наследник

Средбата се одржала во декември минатата година, во време кога Матео Ренци интензивно работеше на соборувањето на тогашниот премиер Џузепе Конте.

425

Поранешниот премиер Матео Ренци, наводно, работел со еден од шефовите на италијанската тајна полиција за соборување на тогашниот премиер Џузепе Конте.

Во мошне влијателната емисија „Репорт“ на РАИ, која се занимава со истражувачко новинарство, авторите покажаа видео што го прикажува лидерот на партијата „Италија Вива“ и поранешен премиер Матео Ренци како се среќава со еден од шефовите на тајната полиција на Италија пред ресторан на автопатот, пишува „Ил Фато Котиџано“.






Средбата се одржала во декември минатата година, во време кога Матео Ренци интензивно работеше на соборувањето на тогашниот премиер Џузепе Конте.

„Тајниот агент 007“, како што медиумите го опишуваат еден од шефовите на италијанските тајни служби, Марко Манчини, во јавноста е познат како еден од актерите во разни скандали, што ги разгорува сомнежите и шпекулациите за целите на средбата меѓу сенаторот Ренци и членот на тајната служба.

Во врска со ТВ-емисијата, Матео Ренци изјави „дека поранешниот премиер Конте не беше сменет поради интриги, туку едноставно затоа што новиот премиер Марио Драги е подобар“, и ги обвини авторите на шоуто дека на надворешен соработник му платиле 45 илјади евра за изградба на случај против него.

Членовите на партијата „Италија Вива“ најавија парламентарна истрага за ТВ-емисијата.

Авторите на статијата решително ги отфрлија сите обвинувања и тврдат „дека се потпираат само на гледачи кои плаќаат претплати на ТВ“.

На крајот на минатата година, лидерот на малата парламентарна партија, Матео Ренци, успеа да ја собори тогашната коалициска влада на премиерот Џузепе Конте, чија членка беше и неговата партија „Италија Вива“.

Видео на кое се гледа Матео Ренци и тајниот агент на паркингот на ресторан, го направила жена што случајно била таму.

Поврзани содржини