РАМА МУ СЕ ЈАВИЛ НА ЗЕЛЕНСКИ Неопходно е Европа да биде дел од мировните преговори

„Имав добар разговор со премиерот на Албанија и се заблагодарив на албанската влада и народ за поддршката за Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски на Платформата Икс, објави АТА.

507

Албанскиот премиер Еди Рама денеска остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој оценил дека Европа мора да биде на преговарачка маса и дека „се што е поврзано со Украина мора да се случи со учество на Киев”.

„Имав добар разговор со премиерот на Албанија и се заблагодарив на албанската влада и народ за поддршката за Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски на Платформата Икс, објави АТА.






Тој додава дека разговарале за многу важни теми – заеднички проекти и пошироки перспективи, како и европски дипломатски иницијативи.

„Клучно е Европа да биде на преговарачка маса. Сè што е поврзано со Европа мора да ја вклучи Европа, а сè што е поврзано со Украина мора да ја вклучи Украина. Заедничката визија и координираните чекори се од суштинско значење за постигнување праведен и траен мир. Работиме заедно на зајакнување на безбедноста низ Европа. Ви благодариме за поддршката“, пишува  Зеленски.

Украинскиот претседател ја истакнал неопходноста од „европско единство во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици”.

Поврзани содржини