ПУТИН САКА ДА СОРАБОТУВА СО ИЛОН МАСК Се спремаат разговори за летови на Марс

Во поново време, Илон Маск дополнително ги прецизираше своите планови, најавувајќи дека „Старшип“ ќе полета кон Марс кон крајот на 2026 година, носејќи го со себе и хуманоидниот робот на „Тесла“ - Оптимус. Тој, исто така, изјави дека првите човечки мисии би можеле да започнат веќе во 2029 година, иако 2031 година е поверојатен датум, зависно од успехот на претходните мисии.

206

Русија гледа големи можности за соработка со САД, вклучувајќи го и вселенскиот сектор, и очекува наскоро да одржи разговори со милијардерот Илон Маск за плановите за летови на Марс, изјави денеска Кирил Дмитриев, специјален претставник на претседателот на Русија, Владимир Путин, за меѓународна економска и инвестициска соработка.

Илон Маск, основачот на „Спејс Икс“, одамна е познат по своите амбициозни планови за истражување на Марс. Во септември 2024 година, тој најави дека „Спејс Икс“ планира да ги лансира првите беспилотни летала „Старшип“ кон Марс во рок од 2 години, за време на следниот соодветен астрономски период помеѓу Земјата и Марс. Овие мисии ќе служат за тестирање на сигурноста на слетувањето, а според Маск, успешно изведеното слетување ќе отвори можност за човечки летови во наредните 4 години.






Во поново време, Маск дополнително ги прецизираше своите планови, најавувајќи дека „Старшип“ ќе полета кон Марс кон крајот на 2026 година, носејќи го со себе и хуманоидниот робот на „Тесла“ – Оптимус. Тој, исто така, изјави дека првите човечки мисии би можеле да започнат веќе во 2029 година, иако 2031 година е поверојатен датум, зависно од успехот на претходните мисии.

Овие планови доаѓаат во време кога се очекува администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го зголеми фокусот на мисиите кон Марс, што би можело дополнително да ги поддржи амбициите на Маск. Маск беше еден од најголемите донатори на кампањата на Трамп во 2024 година, а се очекува дека под неговото водство, НАСА ќе ја насочи повеќе својота програма „Артемис“ кон Марс.

Иако овие планови се исклучително амбициозни, многу експерти сметаат дека зададените рокови се предизвикувачки, имајќи ги предвид техничките и логистичките барања за вакви мисии. Сепак, Маск и „Спејс Икс“ продолжуваат со развојот на технологијата и тестирањата за да ја остварат својата визија за населување на Марс.

Поврзани содржини