ПСЖ СЛАВИ СРЕДЕ ЛОНДОН Дембеле го реши полуфиналето со Арсенал
Реваншот се игра веќе следната среда во Париз, каде Арсенал ќе се обиде да го врати резултатот и избори финале.
Со погодок уште во 4. минута, Усман Дембеле го реши првиот полуфинален судир меѓу Арсенал и ПСЖ на стадионот „Емирати“ во Лондон. Парижаните поведоа рано, но не ја искористија шансата да го затворат мечот, додека Арсенал, и покрај големи шанси, остана без погодок.
Сѐ започна со грешка на одбраната на Арсенал, премногу простор му оставија на Кварацхелија, кој го пронајде Дембеле. Французинот шутираше од прва, ниско кон левиот агол. Топката од дирекот влезе во мрежата.
Парижаните лесно можеа да поведат и со 2-0, но Мартинели имаше златна шанса за израмнување во финишот од првото полувреме. Тој се најде сам пред Донарума, но италијанскиот голман блесна со интервенција.
Во второто полувреме, Арсенал накратко се израдува, Мерино со глава ја затресе мрежата, но системот ВАР за судење според видео снимки го поништи голот поради офсајд.
Потоа следуваа постојани напади на Арсенал. Тросар имаше идентична шанса како Мартинели, но Донарума уште еднаш ги спаси своите. ПСЖ можеше да ги казни пропустите на домаќините, Баркола во 84. минута шутираше крај голот, а Гонзало Рамош ја погоди пречката и не успеа да го дуплира водството.
Реваншот се игра веќе следната среда во Париз, каде Арсенал ќе се обиде да го врати резултатот и избори финале.