ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКА НЕСРЕЌАТА НА АВТОПАТОТ „ТРАКИЈА“ Камионџијата од Романија најверојатно возел пребавно

Во верижниот судир на автопатот што ги поврзува Софија и Бургас учествуваа вкупно 86 возила, загинаа 11, а повредени се 51 лице.

0

Возачот на камионот што вчера го предизвика едниот од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во Бугарија е задржан во полиција – изјави директорот на Регионалната дирекција на бугарското МВР во Јамбол, Добрин Димитров. Возачот, кој е државјанин на Романија, веќе еднаш е сослушан од полицијата, но се очекува дополнително да биде сослушан во текот на денот во рамки на предистражната постапка.

Сè уште не е јасно што точно се случувало со камионот непосредно пред несреќата. Димитров изјави дека, според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.






– Камионот веројатно се движел многу бавно, или се вклучувал од споредна лента – засега не можеме прецизно да кажеме. Националната истражна служба ќе наложи дополнителни вештачења за да се разјаснат овие детали – изјави Димитров.

Тој додаде дека пријавата за инцидентот била добиена вчера, околу 7:00 часот наутро. На местото на несреќата веднаш биле испратени сите достапни екипи, кои брзо утврдиле дека размерите на несреќата се многу сериозни.

Во двата големи верижни судири што вчера се случија на двата правци од автопатот „Тракија“ загинаа 11 луѓе, а повредени се 51. Во двата судири, кои се случија во близина на клучката Зимница, на автопатот што ги поврзува Софија и Бургас, учествуваа вкупно 86 возила. Според полицијата, 63 возила се судриле на коловозната лента во правец кон Бургас, а 23 на спротивната страна, кон Софија.

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за Ден на национална жалост.

Поврзани содржини