ПРИПАДНИЦИ НА АРМ СПАСИЛЕ МАЖ И ЖЕНА Парот излетал со „голф 5“ во канал кај Тузла

Патрола на ЕУФОР составена од припадници на армиите на Македонија и Турција спасила маж и жена откако нивниот автомобил излетал од патот кај Тузла и останал делумно потопен во канал.

206

Патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, спаси маж и жена заглавени во „голф“ кај Тузла, соопшти АРМ.

Парот излетал со „голф 5“ во канал кај магистралниот пат во четвртокот, 7 мај, се вели во објавата.  Несреќата се случила меѓу 24 и 25 километар од патот. Автомобилот удрил во дрвја и останал заглавен во каналот.

Мажот и жена биле делумно потопени во вода. Единицата веднаш притрчала на помош.

Во спасувањето се вклучиле и луѓе што се нашле во близина. Војниците стравувале дека возилото може дополнително да потоне или да се преврти.

Поради сомнежи за скршеници кај жената, спасувачите реагирале внимателно. Со помош на скали, кои послужиле како импровизирани носила, ја извлекле од каналот без дополнителни повреди.

„ЕУФОР останува посветен на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во БиХ“, соопштија од АРМ.

 

Поврзани содржини