ПРИНЦОТ ХАРИ СКРШЕН ПО ОДЛУКАТА НА СУДОТ Сака помирување со семејството, но не му е безбедно да се врати
Сите знаеја дека нè ставаат во ризик во 2020 година и се надеваа дека мислата за тој ризик ќе нè натера да се вратиме. Но, кога сфаќаш дека тоа не функционира, не сакаш ли да нè чуваш (мене, Меган и децата) безбедни? Без разлика дали си влада, Кралско семејство, дали си ми татко, семејство, без разлика на сите наши разлики, не сакаш ли да се осигураш за нашата безбедност?, вели Хари за Би-Би-Си откако му беше укинато правото да има обезбедување од државата кога присуствува во Велика Британија.
Принцот Хари за Би-Би-Си изјави дека одлуката на британскиот суд во врска со неговот обезбедувањето го уништила, но дека уште повеќе го погодиле луѓето кои ја донеле. Одлуката на судот на Хари во иднина да не му биде автоматски доделено обезбедување кога ќе престојува во Велика Британија значи дека засега, тој нема услови да го донесе семејство назад во својата татковина.
– Се чувствувам уништен, не толку од губитокот, туку од луѓето кои ја донесоа одлуката. Дали e овa нивна победа? – прашал Хари.
Судската пресуда, според него, била донесена под влијание на Кралското домаќинство. Таа одлука, како што рече, не влијаела само врз него.
– Не влијаеше тоа само на мене, туку и на мојата жена, а сега и на моите деца.
Правилата за неговата безбедност биле променети уште во 2020 година, кога се повлече од кралските должности и се преселил во САД. Сакал тие правила да се преиспитаат, но судот го одбил.
– Сите знаеја дека нè ставаат во ризик во 2020 година и се надеваа дека мислата за тој ризик ќе нè натера да се вратиме. Но, кога сфаќаш дека тоа не функционира, не сакаш ли да нè чуваш (мене, Меган и децата) безбедни? Без разлика дали си влада, Кралско семејство, дали си ми татко, семејство, без разлика на сите наши разлики, не сакаш ли да се осигураш за нашата безбедност?
Признал и дека не е во контакт со неговиот татко, кралот Чарлс Трети. Вели дека кралот не сакал да разговара со него поради безбедносното прашање.
– Не сакам веќе да се борам. Не знам уште колку време има мојот татко. Никогаш не барав од него да интервенира – го замолив да се тргне од патот и да ги остави експертите да си ја завршат работата. Во овој момент не можам да замислам да ги донесам сопругата и децата во Велика Британија.
Хари додал и дека нема да покрене нова тужба.
– Пресудата од петокот покажа дека нема начин да се победи преку судовите. Сакав некој тоа да ми го кажеше порано. Го сакам мојот дом. Секогаш сум го сакал, без разлика што некои луѓе во таа земјa направиле oд тој дом… и мислам дека е навистина трагично што нема да можам да им ја покажам татковината на моите деца.