ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ИРАН И САД ПОМИНАА ДОБРО Дали двете земји ќе најдат заедничка точка за нуклеарната програма на Техеран?
Арагчи за иранската дИранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за иранската државна телевизија изјави дека преговорите треба да продолжат на техничко ниво в среда, а дипломатите планираат повторно да се сретнат во Оман в сабота.
Иран и САД по денешната втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма во Рим, се согласија да ги продолжат контактите на експертско ниво во среда во Оман.
– Преговорите беа конструктивни и напредуваат добро – оцени иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по четиричасовната средба со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во италијанската престолнина.
Арагчи за иранската државна телевизија изјави дека преговорите треба да продолжат на техничко ниво в среда, а дипломатите планираат повторно да се сретнат во Оман в сабота.
Експерти од Иран и САД ќе разговараат за деталите за можниот договор за нуклеарната програма на Техеран, пред Арагчи и Виткоф повторно да се сретнат на 26 април.