ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК НА МАТЕЈ БИЛ ЗА НЕА Сплиќанката била сестра на негов другар

Станува збор за М.С. од Сплит, сопственичка на фирма на бродови која на 30 декември исто така била во Белград со свое друштво како и Матеј.

6,685

Информацијата дека Матеј Периш, исчезнатото момче од Сплит во Белград по кое се трага 16 дена, имало контакт со девојка од сплит вечерта кога исчезна ја разбранува јавноста.

Како што дознава српски Курир, станува збор за М.С. од Сплит, сопственичка на фирма на бродови која на 30 декември исто така била во Белград со свое друштво како и Матеј.

– Откако се дозна дека убавата девојка некако е поврзана со исчезнатиот Матеј, сите новинари од Хрватска се обидоа да стапат во контакт со неа, но таа сите ги блокирала и одбила да соработува со нив – вели изворот од Сплит.

Тој вели дека ги избришала профилите на социјалните мрежи.

– Дури ги избришала и профилите на социјалните мрежи. Откако се дознало за неа во јавноста, многумина се прашуваат како била поврзана со исчезнатото момче, но набрзо било откриено дека пријател на Матеј е нејзин брат – вели тој.

Девојката, според изворот на Курир, се слушнале неколку пати таа вечер кога исчезна Матеј.

Меѓутоа, М.С. е многу контрадикторна во своите изјави затоа што навела дека поради музиката во локалот не разбрала што ѝ зборува Матеј. Од друга страна изјавила дека видела само пропуштен повик од Матеј.

Претходно и таткото на Матеј изјави дека имал кус контакт со девојката пред полициска станица.

– Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап – вели Ненад Периш за „Јутарњи“.

Поврзани содржини