ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Дизелот за 2 денарa, а бензините за 2,5 денари по литар

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026 година.

142

Малопродажните цени на бензините и на eкстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 денaри по литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,00 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Истовремено се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 3,064 денари по килограм и сега ќе изнесува 49,720 денари.

Според одлуката од полноќ ќе важат следните цени:

Моторен бензин         ЕУРОСУПЕР БС – 95        –    85,00  (денари/литар)

Моторен бензин         ЕУРОСУПЕР БС – 98        –    87,00  (денари/литар)

Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  –   93,50  (денари/литар)

Масло за горење         Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        –  98,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                   –                               49,720 (денари/килограм)

Според тоа, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026 година.

Од РКЕ информираат и дека референтните цени кај сите нафтени деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 5,324%, кај дизелот за 2,817%, кај екстра лесното масло за 3,394% и кај мазутот зголемувањето за 8,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3444%.

Поврзани содржини