ПОРШЕ ПАТЕНТИРА НОВ МОДЕЛ НА МОТОР СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ Се смета за најкомплициран досега

Германскиот производител поднесе барање за патент за нов W-мотор, односно мотор со три реда цилиндри кои делат заедничка коленесто вратило. Најинтересно е што патентот покажува верзија со дури 18 цилиндри, односно шест во секој ред.

78

Додека повеќето производители брзо се префрлаат на електрични автомобили, Порше (Porsche) сè уште ги истражува границите на моторот со внатрешно согорување. Германскиот производител поднесе патент за сосема нов W-мотор кој би можел да има дури 18 цилиндри и три турбополначи.

Германскиот производител поднесе барање за патент за нов W-мотор, односно мотор со три реда цилиндри кои делат заедничка коленесто вратило. Најинтересно е што патентот покажува верзија со дури 18 цилиндри, односно шест во секој ред.






За разлика од познатите W12 и W16 мотори од Bentley и Bugatti, кои користат две тесни V-конфигурации споени во една единица, Porsche дизајнираше „вистински“ W-мотор со три одделни реда цилиндри поставени под агол од 60 степени.

Ваквата конструкција овозможува покомпактни димензии, па дури и W18 би можел да биде долг само колку класичен шестцилиндричен мотор во линија.

Патентот, исто така, предвидува можност за инсталирање на еден турбополнач за секој ред цилиндри, што значи дека во теорија овој мотор би можел да користи дури три турбополначи.

Порше наведува во патентот дека овој аранжман овозможува порамномерен проток на воздух кон цилиндрите, помалку загуби поради триење и подобро раздвојување на системите за вшмукување и издувни гасови. Поладниот вшмукувачки воздух би можел да ги зголеми перформансите без зголемување на зафатнината на моторот.

Интересно е што патентот не ја ограничува конструкцијата исклучиво на 18 цилиндри. Во документацијата се наведува дека истата архитектура би можела да се користи за мотори со девет или 15 цилиндри, во зависност од идната примена.

Сепак, поднесувањето на патент не значи претстојно пристигнување на таков мотор во сериско производство.

Автомобилските компании често патентираат иновативни решенија за да ги заштитат своите идеи, а многу од нив никогаш не завршуваат во сериски модели.

Поврзани содржини