ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИРИЈА ОСУДЕН НА СМРТ Башар ал Асад прогласен виновен за убиства и за злосторства против човештвото

Башар ал Асад е осуден во отсуство, затоа што во 2024 година од Сирија избега во Москва.

0

Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и за злосторства против човештвото.

Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено дека Асад ги користел сите државни институции за олеснување на овие дела, делувајќи како „највисок носител на одлуки“ во извршувањето на злосторствата.






Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад живее во Москва, Русија, откако избега од Сирија на 8 декември 2024 година, по падот на неговиот режим.

Поврзани содржини