ПОРАНЕШНИОТ ПАРТНЕР НА ПРИНЦЕЗАТА БЕАТРИС ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ХОТЕЛ! Полицијата соопшти дека починал од предозирање
Поранешното момче на принцезата Беатрис, Паоло Лиуцо, е пронајдено мртво во хотелска соба во Мајами, а се сомнева дека се работи за предозирање, пренесува британски „Телеграф“.
Поранешното момче на принцезата Беатрис, Паоло Лиуцо, е пронајдено мртво во хотелска соба во Мајами, а се сомнева дека се работи за предозирање, пренесува британски „Телеграф“.
Лиуцо, 42 години, бил пронајден во хотелот „ситезенМ Ворлдцентар“, во центарот на Мајами, на 7 февруари, во 15 часот, изјавила полицијата во Мајами за „Сан“. Причината за смртта не е откриена. Меѓутоа, Мишел Вега, полицаец во Мајами, рекол дека смртта на Лиуз „се истражува како смрт од предозирање“ и дека истрагата сè уште е во тек.
Некои извори тврдат дека Лиуцо извесно време имал проблем со дрогата, како и дека бил вовлечен во многу долгови поради коцкање.
– Паоло не беше добро. Тоа беше многу брз живот и сите се плашевме дека на крајот ќе го стигне – изјавил еден пријател за „Сан“.
Лиуцо имал неколку судири со законот, вклучително апсење и обвинение за поседување кокаин во Австралија во 2009 година.
На неговата потврда за адресата на неговото живеалиште е наведена станбена зграда во близина на хотелот „ситизенМ“. Според „Сан“, тој бил наведен како самец, а неговата професија како консултант на уметничката индустрија.
Наводно, принцезата Беатрис била информирана за смртта на нејзиното поранешно момче само неколку недели откако на нејзината мајка Сара, војвотката од Јорк, и бил дијагностициран рак на кожата.
Принцезата имала само 17 години кога почнала да се гледа со Лиуцо во 2005 година. Нивната врска стана јавна кога тој се приклучи на семејството на принцезата Беатрис на скијање во Швајцарија следната година.
Според извештаите, принцезата Беатрис наводно ставила крај на романсата, по што поголемиот дел од дваесеттите ги поминала во врска со извршниот директор на „Убер“ Дејв Кларк. Потоа, таа се омажи за милијардерот и градежниот тајкун Едоардо Мапели Мози во 2020 година, со кој ја има ќерката Сиена.
Инаку, принцезата Беатрис е ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон и внука на покојната кралица Елизабета Втора.