🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ СОПСТВЕНИКОТ НА ОРУЖЈЕТО ПРОНАЈДЕНО КАЈ АРАЧИНОВО Приведен е 29-годишен кумановец

9,192

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак, кога беа пронајдени девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово. На 29.12.2024 Х.С. е лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка и на 30.12.2024 од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор“, наведено е во соопштението.






Поврзани содржини