ПОЛИЦАЕЦ СО НОЖ НАПАДНАЛ КОЛЕГА Дупчел гуми, не можеле да го запрат!
Прво оштетувал автомобили, па при апсење преминал во напад и тоа врз свој колега полицаеец.
Млад полициски службеник од Куманово, на 23 години, се соочува со сериозни обвиненија откако на 31 декември 2025 година нападнал колега со нож. МВР вчера му покрена кривична пријава за насилно однесување.
Инцидентот се случил на булеварот „Октомвриска револуција“, каде што претходно оштетувал гуми на паркирани возила. Кога полицијата се обидела да го приведе, тој дал отпор и во метежот извадил нож со кој повредил друг полицаец.