ЦЕЛОСЕН РЕМОНТ ВО ФК ТИКВЕШ Раководството заминува, Цезар Браво седнува на чело

Клубот од Кавадарци го распушти целиот стручен штаб, а раководењето го презема ко-сопственикот Цезар Браво.

0

Целосен пресврт во ФК Тиквеш. Клубот донесе радикални одлуки по состанокот на акционерското друштво. Раскината е соработката со целиот стручен штаб. Заминува тренерот Борче Христов, како и неговите асистенти.

Покрај Христов, отказ добија и помошниците Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков. Клубот се раздели и со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Од утре, раководењето го презема ко-сопственикот Цезар Браво. Со ова, новите сопственици целосно ја преземаат контролата врз управувањето.

„Ќе продолжиме со јасна цел и професионален пристап“, соопштија од клубот.

Целта е стабилизација и напредок до крајот на сезоната.

Тиквеш моментално е петти во Првата лига. По 30 натпревари, тимот има освоено 41 бод.

Поврзани содржини