ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ НОВИНАР И ПУБЛИЦИСТ Рамуш Муарем ќе биде запаметен по легендарната „Циркотека“

ирко беше најпознат по култната емисија „Циркотека“, која се емитуваше на ТВ БТР и стекна огромна популарност кај публиката. Шоуто остана запаметено по автентичниот хумор, гафовите и урнебесните моменти кои и денес се споделуваат на социјалните мрежи.

0

Почин познатиот активист, хуморист, новинар и публицист Рамуш Муарам – Цирко, извести Рома Прес. Колегите од медиумот велат дека е загубен  силен глас на човек со храброст, дух и вистина во секој збор.

„Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, пишуваат од Рома Прес.

Муарем подолг период се борел со болест, а зад себе остава значаен белег во медиумскиот и јавниот живот.

Информацијата за неговата смрт ја сподели и Габриел Бајрам, син на поранешниот политичар Амди Бајрам, кој се прости со емотивна порака.

„Се збогувам со тебе, драг Цирко. Беше вреден и прекрасен човек. Енергијата која ја носеше со тебе и ја ширеше меѓу луѓето даваше надеж дека нештата не се така темни“, напиша Бајрам.

Цирко беше најпознат по култната емисија „Циркотека“, која се емитуваше на ТВ БТР и стекна огромна популарност кај публиката. Шоуто остана запаметено по автентичниот хумор, гафовите и урнебесните моменти кои и денес се споделуваат на социјалните мрежи.

Покрај телевизиската кариера, Рамуш Муарем беше препознаен и како гласен борец за правата на ромската заедница, човек кој преку својата работа и јавни настапи настојуваше да ги поврзува луѓето и да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање.

Поврзани содржини