ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОЛЕТНА ГЕНЕРАЛКА Пет совети за успешно чистење
Одвојте еден викенд и подгответе се соодветно. Ако се чувствувате како да не знаете од каде да започнете, потребен ви е детален план. Погледнете ги советите во продолжение и подгответе го домот за новата сезона.
Пролетта е тука, температурите растат и време е за овогодинешната пролетна генералка. Цела зима прозорците беа затворени, па време е да ја смениме енергијата во домот и да исчистиме сè од корен.
Одвојте еден викенд и подгответе се соодветно. Ако се чувствувате како да не знаете од каде да започнете, потребен ви е детален план. Погледнете ги советите во продолжение и подгответе го домот за новата сезона.
1. Направете план и програма
Пред да започнете, размислете што сакате да постигнете и колку сте подготвени. Во зависност од просторот со кој располагате, како и со временската рамка, направете план и програма што прво ќе започнете, како ќе се одвива чистењето и колку време ви е потребно. Со тоа ќе бидете сигурни дека на крајот од викендот, сè ќе биде вратено на своето место и детално исчистено.
2. Одберете посебни средства за различни намени
Откако планот е направен и точно знаете што ќе работите, обезбедете ги средствата за чистење кои ви се потребни. Најдобрата колекција за пролетно чистење е во dm дрогериите, каде може да најдете средства за секоја намена. Подовите, прозорците и тоалетот се задолжителни при пролетната генералка, а кај нив ќе најдете средства за секаква намена кои ќе направат вистинска магија. Набавете ги пред да започнете и секогаш имајте ги при рака.
3. Отстранете ги непотребните работи
Следен чекор е да се ослободите од нештата кои не ви се потребни и не сте ги користеле цела зима, односно голема е веројатноста дека нема да ги користите и понатаму. Многу често знаеме да заборавиме прехранбени продукти по ормарите, па погледнете го рокот на траење и фрлете доколку е потребно. Исто така, старите средства за хигиена во бањата заменети ги со нови, но исфрлете го и стариот дотраен мебел и заменете го со нов за да внесете свежа енергија во домот.
4. Чистете просторија по просторија
Најдобриот начин за организирано чистење е да одите просторија по просторија, односно да започнете со една и да преминете на друга дури откако целосно сте завршиле со првата. Со овој систем, дури и да не успеете да го остварите зацртаниот план, ќе имате само една соба на која треба да доработите, додека сите други ќе бидат функционални.
5. Не ги штедете средствата за чистење
Со исклучително поволните цени на производите за одржување на домот во dm, нема причина да штедите на средствата. Поминете ги подовите, полиците и масите со моќно средство за дрво, стаклата со свеж цитрусен спреј и бањата со антибактериска пена и гел. Со ваквите средства за чистење и одржување на домот, бидете сигурни дека зад вас ќе оставите простор кој блеска.